
Измет од домашни кучиња забележан често низ улиците на Штип. Револтирани мнозинство граѓани реагираат за ваквата ситуација. Велат дека забележуваат како сопственици шетаат миленичиња, за кој не водат грижа на јавен простор. Потребен е ред како во Европа потенцираат тие, со тоа што секој од дома ќе понесе ќеса со себе и ќе го собира изметот или ѓубрето од миленичето.
За да има ред, граѓаните велат потребни се само казни, како и пријави, кои треба да ги поднесуваат сите оние кои што ќе го забележат овој неред.
И понатаму граѓаните замолуваат и аплеираат сите сопственици да водат грижа и на улица, исто како дома. Ако сакаме уредена држава, потребно е да почнеме од самите нас, потенцираат тие.
Иван Митев, М-Нет