
Македонија вчера го имаше последниот контролен натпревар пред почетокот на Европското првенство, а македонската раокметна репрезентација победнички го затвори подготвителниот период откако славеше над данскиот прволигаш Митјиланд со резултат од 35:27.
Веќе фокусот се става на првиот меч на Европското првенство, кој Македонија го игра против домаќинот Данска во петок.
Десното крило на македонската репрезентација, Ненад Костески вели дека групата во која е нашата репрезентација е доста сериозна, Данска против која Македонија го отвара шампионатот е фаворит за злато, Портуталија која на минатото Светско првенство беше четврта и стана најголемо изненадување, а пак на претходното Европско првенство беше седма ќе биде сериозен противник, а пак Романија исто така ќе биде противник кој не смее да се потцени.
Македонија веќе во петок против домаќинот Данска го отвара Европското првенство, на 18 јануари играме против Португалија, а пак на 20 јануари ќе биде соочувањето со Романија.
Александар Ванев, М-Нет