
На третиот ден од Божик, православните верници го одбележуваат празникот посветен на болните, старите и сиромашните, познатиот Св. Стефан. Граѓаните уште рано изутрина ги посетија црквите и ги дигнаа панагиите за нивните семејства, посакувајќи мир, здравје и љубов. Неизоставен дел беа и молитвите, кои тие ги упатија до Св. Стефан , молејки го Бога за нашето спасение.
Покрај утринска празнична литургија, денес се прават и домашни слави и имендени. Денеска имеден празнуваат Стефан, Стевчо, Стефка и Стефанија.
Инаку, празникот менува ден, но никогаш датум и секогаш се празнува на 9 јануари. Според делата на апостолите, тој бил Евреин роден во странство, кој живеел во Ерусалим и кој ѝ се придружил на црквата многу млад. Тој бил еден од седумте ѓакони назначени од апостолите да се грижат за старите жени, вдовиците и сирачињата. Како хеленизиран Евреин жестоко се противел на јудаистичкиот култ на храмовите. Поради тоа што го искажувал своето противење, бил изведен пред Синедрионот. Неговото бранење на христијанството толку ги разбеснило неговите сослушувачи што бил осуден на смрт со каменување.
Иван Митев, М-Нет