
Пониски цени или повисоки плати бараат граѓаните на Штип на стартот на Новата година. Доаѓаат убави празници, трпезите празни, џебот исто, нема излез се додека цените не се намалат. Трговците си ги остваруваат желбите, за граѓаните нема ред, додаваат тие, надевајќи се барем од оваа година животот биде подобар.
Граѓаните очекуваат високи казни до сите оние трговци кои што прават итриги со граѓаните. Велат само така може да е стави крај на ова однесување.
Инаку, премиерот Мицкоски во последните изјави истакна дека се следи ситуацијата, а доколку има претерно вакви појави , како што рече ќе има и клуч на врата. Најави и контроли и посториг казни. Апелираше трговците добро да внимаваат за да не си ги затворат маркетите.
Иван Митев, М-Нет