
Посен зелник, сарма, лепче со паричка, овошје, граѓаните ја подготвуваат својата посна бадникова трпеза. Домаќинките од вечерва започнуваат со подготовка на колачињата, утре ги чекаат коледарите кои го најавуваат христовото раѓање, па продолжуваат со подготовките за бадниковата трпеза.
„За бадник се прави посен зелник, посна сарма, гравче тавче и од овошје се што може. Под чаршавот се стават пари за да биде богата годината, а се ставаат и бадникови гранчиња.“ – велат граѓаните.
Традицијата продолжува да се негува, иако производите се скапи, граѓаните согласни дека за овој празник мора да се купи и да биде празнично.
„Точно дека е скапо, но за овој ден, за Нова Година мислам дека не толку многу, ама за Божиќ секогаш се снаоѓаме.“ – додаваат граѓаните.
По празничната посна трпеза за Бадник, се подготвува мрсна трпеза за Божиќ. И од црквата советуваат уште утревечер верниците да се воздржат од мрсна и обилна храна со цел да заврши и постот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет