Три бебиња се родија во новата година во КБ Штип, лани 62 бебиња повеќе споредбено со 2024 година

Три бебиња се родија во КБ Штип во новата година, едно еден час пред полноќ на 31 декември, а во исчекување е да се роди уште едно бебе. Споредбено со 2024 година, изминатата 2025 година на одделот за гинекологија и акушерство при штипската Клиничка болница се родиле 62 бебиња повеќе.

„Во споредба на 2024 година, 2025 година ја завршивме со 62 новородени дечиња повеќе, 477 дечиња.“ – вели Велкова.

Во меѓувреме во последата година подобрени се и условите за одделот за гинекологија и акушерство, со што се очекува и поголем број на новородени бебиња оваа година.

„Реновирани ни се тоалетите, лани завршиивме со реновирање на апартманите така да подобрени се условите на нашето одделение“ – додава Велкова.

На олноќ на 1 јануари во штипската болница се роди малата Петра кое е првото бебе во 2026 година.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет