
По многу предизвици ќе се памети 2025 година, но и по многу реализирани капитални проекти изјави денеска градоначалникот на Општин Штип, Иван Јорданов. Дециден дека изборниот процес и добиената доверба од граѓаните по втор пат е она што ќе го памети најмногу, но овде се и реализација на булеварот Партизанска, решавањето на проблемот со водоснабдувањето и слично.
„2025 е година која помина со многу предизвици, еден предизвик кој ќе го паметам е изборниот процес и добивањето на довербата од граѓаните со една силна поддршка која е силна и голема одговорност. Морам да напоменам дека се реализираа низа на проекти кои го променија Штип, а тука би ги истакнал реализацијата на булеварот Партизанска, како и надминувањето на проблемот со водоснабдувањето во град Штип“ – вели Јорданов.
2025 година според него беше успешна година, но очекува многупоголема реализација на проекти наредната година и многу поголема успешност.
„Во 2026 година ќе ги немаме овие околности и сум сигурен дека по основ на реализација, динамика, времетраење на реализација на проекти ќе биде поуспешна“ – додава Јорданов.
Наредната година развоен е и Буџетот со што се очекува завршување на обиколницата, паркот Иднина, нови мостови на река Брегалница, реставрација на ттврдината Исар.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет