По четврти пат ДГ „Вера Циривири-Трена“ Штип со новогодишна приредба, публиката пријатно изненадена

Четврта година по ред дечињата до ДГ Вера Циривири-Трена Штип подготвија новогодишната приредба под името Гринч станува празничен. Со подготвен репертоар на новогодишни песни и игри, денес тие блеснаа на сцената во економскиот факултет при УГД и им ги стоплија срцата на своите родители, баби, дедовци, роднини и блиски. Како што истакна директорката Ивана Ангеличкова од лицеместо на настанот, оваа готина токму преку ликот Гринч, децата покрај што ќе влезат во празничниот дух, туку ќе можат да научат да ги сакаат сите без разлика на нивиот лик.

,,Четврта година по ред децата од големите групи ја подготвија новогодишната приредба. Секоја година се трудиме да имаме различни теми, различен мотив. Оваа година е вметнат ликот Гринџ, затоа што во градинките од најмала возраст ги учиме децата дека треба да ги прифатиме сите, дека сите сме исти, без разлика дали во овој случај Гринч е влакнест, грд и не ја сака новата година, меѓутоа дечињата со една пригодна убава приредба ќе го научат дека не е само светки и лски и не е само нова година украсување на елки, туку и љубовта која што им ја пружиме при дарувањето и честитањето на новата година, ќе го омекнат Гринч и тој ќе ја засака новата година.“, истакна Ангеличкова

Во новгодишната приредба се вклучени дечињата од големите групи, потенцираше Ангеличкова, посочувајќи дека во изминатиот период истите доста работеле, за да оваа приредба, денес изгледа пријатна за публиката.

,,Во новогодишната приредба се вклучени големите групи, односно дечињата кои што се најголеми, кои што догодина ќе одат прво одделение, тие се носители на оваа приредба.“, рече Ангеличкова

Инаку, на настанот присуствуваа и претставници на локалната самоуправа, многубројни граѓани, како и роднини и блиски на дечињата, кои со голем восхит ја проследија децалата приредба.

Иван Митев, М-Нет