Шаховскиот клуб Нов Напредок 2025 година ја одбележа со активност кај младите, со турнири и со „Штип Опен“

Шаховскиот клуб Нов Напредок во изминатата 2025 година имаше низа активност со кои успешно ја заврши годината. Активност кај младите, организирани на три турнири со средношколци и основци, клупски активности покрај со младите, соработка и со Здружението на пензионери, а најголем настан кој се одбележува е „Штип Опен 2025“.

Секретарот на клубот Донче Јорданов изрази голема благодарност до спортската редакција на М Нет телевизија за медиумската поддршка.

Зад клубот е успешна и плодна година со многу успешни настани за што Јорданов направи едно резиме.

Покрај за младите клубот води сметка и за повозрасните односно има соработка со Здружението на пензионери од Штип.

Најголемиот успех за клубот од градот под Исарот е освоеното четврто место во Првата лига на Македоија.

Сепак, најголемиот настан за Нов Напредок за ланската година беше одржување на „Штип Опен 2025“ на кој учество земаа преку 100 шахисти од Македонија, Србија, Бугарија, Грција и Турција.

Шаховскиот клуб Нов Напредок од Штип сега се насочува нов предизвик, а тоа ќе биде организацијата на „Штип Опен 2026“ кој стана препознатлив во региони и се очекува одново да пристигнат натпреварувачи од Македонија и странство, а со тоа Штип да го обнови епитетот на „шаховски град“.

Александар Ванев, М-Нет