Младиот шахист Лукијан Тенев од Штип со високо трето место на силниот турнир „Шаховски свет мали генијалци“

Младиот шахист Лукијан Тенев од Штип продолжува да бележи големи резултати, овој пат тој го освои високото трето место на силниот турнир „Шаховски свет мали генијалци“ кој се одржа во Скопје.

Тенев кој има 11 години е најмладиот член на шаховскиот клуб Нов Напредок од Штип, важи за голем талент, а во време кога дигитални игри се популарните кај младите, младиот шаховски талент е пример дека спорт како шахот има силна привлечност кај него.

На „Шаховски свет мали генијалци“ настапуваа шахисти до 18 години, а младиот Тенев е задоволен од неговиот резултат.

Овој турнир е уште едно големо искуство за младиот Тенев кој има голема љубов кон шахот.

Лукијан пред камерата на М Нет телевизија посака во 2026 година прво место на турнирот, а вели дека напреднал многу во 2025 година.

Во 2025 година Лукијан бележеше одлични резултати, на кој тој е горд за постигнатите резултати и верува дека во иднина ќе може да постигна уште поголеми резултати. Вели дека пред некое време на турнир во Штип постигнал одличен резултат.

Лукијан Тенев важи за голем шаховски талент, тој е најмладиот член на шаховскиот клуб Нов Напредок. Неговата прва шаховска табла ја купил неговиот дедо, започна да игра со дедо му, а потоа и со неговиот татко, а потоа се запишал во шаховскиот клуб Нов Напредок.

Александар Ванев, М-Нет