Започна реконструкцијата на главната улица во село Долни Балван, во должина од 500 метри

Започна реконструкцијата на главата улица во село Долни Балван, во должина од 500 метри. Станува збор за улица која се работи благодарение на донација од општествено одговорна компанија од Општина Карбинци. Како што истакна градоначалникот, Виктор Паунов, станува збор за взаемна соработка на Локалната самоуправа и бизинс заедницата со цел подобрување на условите на граѓаните.

„Важно во овој сегмент е дека оваа проект се реалзиира благодарение на општествено одговорни компании кои имаат за цел да работат овде. Заеднички со нив го реалзиираме овој проект.“ – вели Паунов.

Со реконструкција на оваа улица се става крај на градежните активности во Карбинци за оваа тековна 2025 година. Паунов истакна дека инвестиции се бележат во делот на инфраструктурата, образованието, спортот и култутраата, а најави дека со исто темпо продолжуваат и наредната година.

„Со ова го заокружуваме и работењето за 2025 година. Оваа година Општина Карбинци успеа да реалзиира низа проекти во делот на инфраструктураата“ – ддоава Паунов.

Изминатиот период се работеше на влез во село Таринци, реконструкција на повеќе улички во речиси сите населени места, завршување на патот од село Долни Балван до село Таринци и слично.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет