
Члновите од Офф роад клубот Штип и оваа година традиционално поделија пакетчиња на дечињата од градинките и основните училишта во Штип. Заедно со дедо Мраз пристигнаа пред образованите институции каде ги израдуваа најмалите.
„Оваа акција ја правиме секоја година, се надевам дека ќе продолжиме и во иднина. Дечињата се нашето најголемо богатство и се надеваме дека ќе ги израдуваме со овој гест“ – вели Горѓиев.
Одлична атмосфера, насмевка на лицата на дечињата беше сликата во детската градинка „Астибо“ во Штип. Од таму упатија голема благодарност за овој гест со кој се израдуваа најмалите.

„Голема благодарност до Офф роад клубот Штип за оваа донација на пакетчиња, направија одлична атмосфера со нивните возила, со Дедо Мраз, децата и затоа сме и неизмерно благодарни.“ – вели Митров.
Пакетчиња денеска се поделија во дневниот центар во населбата Пребег, во посебната паралелка во ООУ Ванчо Прќе, во детската градинка Астибо, КБ Штип, во центарот за целодневна настава во населбата Баби.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет