Мал Ајакс на гостување кај шампионот Форца – штипјани пред невозможна мисија за позитивен резултат!

Овој викенд се спушта завесата во Првата футсал лига на Македонија со натпреварите од деветтото коло ќе се затвори есенската полусезона.

Еден меч од последното есенско коло веќе се одигра вчера откако тимот на Јувентус Серава со 11:9 го доби дебитантот Балкан на свој терен.

Веќе утре шампионот Форца ќе го пречека тимот на Мал Ајакс каде бранителот на двојната круна е повеќе од апсолутен фаворит, а штипјани речиси сигурно ја затвараат 2025 година со пораз во Куманово.

В недела на програмата ќе биде еден меч каде Шкупи ќе игра против велешки Кеги Моби, додека пак колото се затвара дури во понеделник со два натпревари. Осогово ќе игра против Клими од Кавадарци, а пак Бутел ќе го пречека непоразениот лидер Проект.

Овие се двојките за последната есенска рунда во футсал елитата на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет