34. „Марш за ангелите“ в сабота во Кочани со почеток од 14:05 часот

Со траспаренти во рака и огромна болка во срцето и оваа сабота родителите на починатите деца од дискотеката Пулс во Кочани организираат мирен марш. Како што истакнаа и оваа сабота маршот ќе започне во 14:05 минути од паркот на револуцијата и ќе маршираат по кочанските улици. Со голема тага во душата и денес тие ги поканија сите граѓани кои веруваат во човечност и правда да се придружват кон маршот.

Во меѓувреме тече и процесот на судење за пожарот во дискотеката Пулс.