
Качувачкиот клуб Астибо од Штип и во 2025 година бележеше одлични резултати, а на меѓународно ниво резултатите се на едно повисоко ниво, а голем напредок во резултатите имаше Матеј Марков, кој зад себе има плодна меѓународна сезона.
Во однос на заинтересираноста секоја година младите категории се најбројни во своите почетоци, а драстичен раст има во формата на натпреварувачки кои ги има штипскиот клуб. Како голем успех е тоа што клубот успеал да задржи поголем дел од критичната тинејџерска генерација, но интересот не е многу голем кај понежниот пол.
Во 2026 година е предвидена една поголема промена во клубот, односно подобрување на самите услови, а тоа е изградбата на нова вежбална. Во зимскиот период се тренира сила, односно надвор од карпите за качување, се дава фокус на вежби за сила.
Спортското качување е поделено на два дела и тоа спортско качување по природни карпи и спортско качување по вештачки карпи, а клубот Астибо од Штип и натаму продолжува да се развива, да бележи големи резултати како на домашната сцена, така и на меѓународната сцена, а дополнително се насочува кон подобрување на условите.
Александар Ванев, М-Нет