Новогодишен концерт на „Астибо бинг бенд“, на 17 декември во НУЦК „Ацо Шопов“ Штип

На 17 декември во среда е закажан третиот концерт за оваа година на „Астибо бинг бенд“. Новогодишниот концерт ќе се одржи во Дом на култура Ацо Шопов Штип, а картите веќе се пуштени во продажва.

„Ќе го имаме третиот концерт оваа година, новогодишен концерт во Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип. Концертот е со почеток од 19:30 часот, билетите се пуштени во продажба со цена од 300 денари. Чест ни е што опстануваме, можам да кажам дека сме како здружение оставени сами на себе, но љубовта која ја пружат сите членови даават надеж дека ќе успееме во нашата цел“ – вели Кавраков.

Концертот ја афирмира џез музиката, а на истиот ќе настапат голем број врвни вокалисти кои ќе го освојат срцето на публиката.

„Имаме гости, вокалисти кои ќе настапат, како Зоран Настов, ученичка од нашето училиште Теа, како и Виолета Арсовска“ – додаде Кавраков.

Во оваа прилика Кавраков упати покана до сите љубители на музиката да бидат дел од концеротот и да уживаат во подготвената програма.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет