
Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 9. коло на Првата кошаркарска лига во групата А и групата Б.
Тимот на Соколи како голем фаворит ќе гостува во Кавадарци каде ќе се соочи со Спортсимо, екипа која досега нема позитивен резултат, па се очекува штипските кошаркарки да забележа триумф.
Дерби меч ќе се игра во Велес каде ќе се соочат Борец Баскет и Струмица ФМП, а пак Овче Поле на домашен паркет во Свети Николе цели само кон триумф над Бутел.
Во рамки на оваа коло слободна ќе биде екипата на Струмица Ролинг, а сите мечеви ќе се играат в недела.
Што се однесува до групата А таму колото се отвара денес со мечот меѓу Младинец и Охрид, додека пак в недела ќе се играат два меча. Водно Санс ќе игра со фаворитот Вардар, а пак Мега Баскет оди на мегдан со Тетекс.
Во рамки на оваа рунда слободна е екипата на Црн Дрим од Струга.
Александар Ванев, М-Нет