Турските студенти и годинава најбројни меѓу странските на УГД Штип, интерес има и од Бугарија, Србија и Грција

Турските студенти и годинава најбројни мегу странските на УГД Штип, а интерес има и од Бугарија, Србија и Грција. Како што посочи ректорот Дејан Мираковски, околу 180 активни странски студенти има само во прва година на повеќе студиски програми. Иако порано фокусот беше само на медицинскиот факултет, сепак оваа година најголем интерес странските студенти покажале на факултетот за информатика.

,,Имаме студенти од сите држави, од соседна Србија, од Бугарија, од Грција, а најголем број студенти имаме од Турција, мегутоа полека се менува структурата на студентите. Околу 180 активни во прва година нови студнети на повеќе студиски програми. Има една карактеристика што пополека се шират бројот на факултети. Порано беа фокусирани сао на медицинскиот, мегутоа сега имаме и многу студенти, да не кажам и најголем број на факултетот за информатика на студиската програма на англиски јазик. Бројките се слични како и минатата година, со тоа што се менува структурата, односно поголем број студенти оваа година одат на факултетот за информатика.“, рече Мираковски

Странските студенти, рече Мираковски успешно се интегрираат во сите процеси. Како што посочи тие нема потреба да учат македонски јазик, бидејќи имаат доволно програми на англиски јазик.

,,Тие успешно се интегрираат во сите процеси, посебно на студиските програми на англиски јазик, ја нема таа јазична бариера. Нема потреба да учат македонски, или учат македонски во дирекна комуникација , така што мислам дека полека го стабилизираме тој тренд на бројот на студенти од надвор. Се надевам дека и за нас е важно да бидеме меѓународно препознаени, да имаме студенти од повеќе држави. Има интерес од други држави.“ додава Мираковски

Според информациите на ректорот Мираковски, покрај на медицинскиот факултет, прогрмаи на англиски јазик воведуваат и останатите факултети од УГД Штип се со цел да се овозможи соодветна настава за странските студенти.

Иван Митев, М-Нет