Тутунарите од карбинско пред колапс, откупот касни, цените незадоволителни, производството умира

Oд 15 декември треба да започне откупот на тутунот во повеќе пунктови во карбинскиот регион. Иако истиот требаше да започне многу порано, сепак како што истакнаа од асоцијацијата на земјоделци, се уште се чека официјалниот договор со претседателот и претставниците на фирмите за откуп. Според проценката, оваа година тутунот ќе се продава само прва класа под цена од 420 денари, иако истата според производителите е незадоволителна и не ги покрива нивните основни трошоци. Тие бараам минимум 500 денари, за да имаат надеж барем за следната година.

Месeци со труд, жештини и мака остануваат потценети, а наместо мотив за продолжување на производството, тие велат дека повторно добиваат разочарување. Година по година надежта за подобра цена се претвора во уште поголемо обесхрабрување, додека тутунарството во регионот пополека се доведува во прашање.

Оваа година производителите на тутун од карбинско истакнаа дека годинава била доста тешка за да се произведе тутунот. Болести се појавувале постојано, а тие се снаоѓале како знаат и умеат.

Производителите предупредуваат дека ако не се најде решение, во иднина нивите ќе останат празни, а младите ќе си заминат. Судбината на тутунот, но и на целите семејства, сега зависи од тоа колку ќе се исполнат нивните барање во иднина.

Иван Митев, М-Нет