
По 14 кола Вардар останува непоразен тим, а пак Радовиш единствениот без триумф во ракометната Суперлига.
Радовишани никако да забележат позитивен резултат и мака мачат во елитното ракометно друштво, откако загубија од тимот на Пролет со резултат од 23:30, па противниците веќе во „крпа“ ги ставаат бодовите од дуелите со Радовиш, кој е на дното со 14 порази од толку натпревари, а ако е за утеха само Струга има полоша одбрана.
Вардар се намачи но го доби Охрид во „Билјанини Извори“ со 26:28 и со тоа скопскиот тим останува непоразен лидер на врвот со максимални 28 бодови на своето конто, а пак Еурофарм Пелистер и Алкалоид ремизираа во Битола играјќи 26:26, со што шампионот останува втор со 24 бодови, а пак Алкалоид се израмни со Охрид на третото место со по 21 бод.
Тиквеш лесно ја доби Струга со 32:25 и со тоа веќе го обезбедува местото во плеј-офот, Еурофарм Пелистер 2 со резултат од 30:28 го доби Куманово. Тимот на Прилеп со високи 30:20 го доби Бутел и со тоа се разгорува битката за место во плеј-офот.
Александар Ванев, М-Нет