
Нема опасност од излевање на река Брегалница во Штип. По најавите на синоптичарите дека во наредните денови има опасност од излевање на реките во државата, се отвори прашањето каква е ситуацијата со река Брегалница. Но, од Општина Штип смируваат дека простор за паника нема, ситуацијата не е алармантна и се следи будно, со што доколку дојде до евентуално излевање на реката ќе се реагира навремено. Градоначалникот, Иван Јорданов, посочи дека граѓаните не треба да бидат загрижени бидејќи се следи водосостојабата на реката.
„Во координација сме со сите релевантни чинители, институции, но и јавните претпријатија кои најповеќе би биле на висина на задачата доколку има потреба од евентуално интервенирање по однос на коритото и спречување од евентуални излевања на водата на река Брегалница. Кризниот штаб сега за сега не заседава по однос на водосостојбата на река Брегалница од причина што не е алармантна. Доколку има било каква потреба за интервенција, заседавање на кризен штаб, секако дека Општина Штип ќе одговори на она кое е наша обврска и сега за сега можам да кажам дека граѓаните не треба да бидат загрижени затоа што редовно и будно се следи водосостојбата на река Брегалница“ – вели Јорданов.
Праксата покажува дека река Брегалница се излева од коритото кај населбата Осми Номеври и Ново Село. Последен пат во 2021 година поради згоемениот водостој и врнежите од дожд имаше опасност од нејзино излевање, но се следеше под бурно око на надлежните институции.
Според УХМР врнежите од оджд ќе продолжат и во наредните денови.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет