
Најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија, Работнички, лошо ја започна новата сезона во Суперлигата, откако на стартот од истата забележа два порази, а поразите доаѓаат од конкурентите за титулата, Пелистер и ТФТ Скопје.
Во однос на првото коло и поразот од Пелистер, екипата на Работнички загуби со 75:115, а пак дербито со ТФТ Скопје го загуби со 83:63, два високи порази кои сигурно е дека не е според планот на Работнички.
Пелистер одлично ја започна новата сезона со две високи победи и по две кола е на врвот од табелата, а битолскиот тим е првиот со над 200 постигнати поедни односно 219. По четири бодови на стартот од сезоната имаат и ТФТ Скопје, шампионот МЗТ Скопје и Куманово. Овие две екипи имаат максимален ефект.
Екипите на Тиквеш, Феникс, Кожув и Гостивар имаат по три бодови, односно имаат учинок од пораз и триумф, а пак без победи со по два порази е дебитантот Маџари, повратникот Ангели, како и екипите на Чаир и Работнички, со тоа што тимот на Работнички кој има најлоша поен разлика е на дното со 138 постигнати поени и 198 примени.
Александар Ванев, М-Нет