
Голем митинг на ВМРО ДПМНЕ се одржа на плоштадот Слобода во Штип.
Многу повеќе работа, посветеност и корегирање на грешките од минататот вети кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов, во своето обраќање. Како што посочи тој проектите од претходните четири години транспарентно беа достапни за сите граѓани, а така ќе продолжи и во иднина.
„Во овоие четири години вложивме многу посветеност, турд, љубов, доживеавме различни предизвици, победи, порази, искушенија. Суштината на секои избори е да бидеме подобри од минатото и тие грешки кои ги имавме и ги имаме да ги корегираме.“ – вели Јорданов.
И овојпат ги повика граѓаните на 19 октомври да го остварат своето демократско право на глас. Сами да одлучат за тоа кој ќе го води градот во наредните чтири години и каков совет ќе има општината.
Освен овој голем митинг кој се одржа на плоштадот Слобода, секоја вечер се реализираат средби со граѓаните во сите населени места во Штип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет