Приведен возач во пробиштипско, возел со 100 км на час на дозволено 40 км на час

На 09.10.2025 во 23:52 часот во с.Пишица, пробиштипско, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода Д.К.(32) од с.Ранковце, кривопаланечко. При контрола со радар во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „ауди“ со кривопаланечки регистарски ознаки со брзина од 100 километри на час на место каде брзината на движењето е ограничена на 40 километри на час

По целосно документирање на настаните, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.