
Екипата на Кочани ја продолжува негативната серија во Првата женска фудбалска лига откако нанижа четврти пораз во низа за вкупно седум порази губејќи во Струмица од фаворитот Тиверија Брера со убедливи 5:1.
Разликата во квалитет е голема и сосема очекувано беше дека младиот тим на Кочани ќе нема сили да парира на домаќинот.
Минимална победа забележа Каменица Саса која со само 0:1 славеше над Топ Гол во Битола, а пак шампионот Љуботен со убедливи 8:0 го декласираше струшки Ас Јунајтед.
Речица и Вардар ги поделија бодовите играјќи 2:2, а пак дербито во Пржино заврши со победа за Скопје од 2:0 над Истатов.
Во однос на самата табела Љуботен е прв со максимални 24 бодови, Скопје е втор со 21 бод, трет е Ас Јунајтед со 16 бодови, следува Каменица Саса и Тиверија за делба на четвртото место со по 15 бодови, а пак Истатов е шести со 12 бодови.
На седмата позција е Вардар со пет бода, следува Топ Гол со четири бодови, а толку има и Речица која е претпоследна или во бараж зоната, а на дното е Кочани со само еден бод.
Александар Ванев, М-Нет