Од четврток пресврт – времето ќе биде потопло и сончево, утрата свежи

Од четврток есента ќе го открие своето поубаво лице, тивки денови без дожд и студен ветер. Во првите три дена од новата работна седмица времето ќе биде променливо и свежо, со температури од 7 до 11 степени, студени утра и повремени врнежи. Од четврток промена. Според Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе се стабилизира, дождовите ќе стивнат, а деновите ќе бидат тивки и типично есенски, иако температурите ќе останат во есенскиот просек.

,,Значи денес времето променливо облачно, со врнежи од дожд, повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата од 7 до 12 степени. И утре времето исто, температурата од 7 до 11 степени. До среда времето ќе се задржи претежно облачно со повремени локални врнежи дожд, но и студени утра.“, рече Цветковска-Атанасова

Како што најави Цветановска-Атанасова од четврток – пресврт. Времето се стабилизира, дождовите престануваат, а во земјава следуваат неколку постабилни и посмирени есенски денови.

Индексот на квалитет на воздухот е со одичен квалитет за периодов и истиот изнеува 14. Квалитетот на воздухот е идеален за повеќето лица; сите категории можат да уживаат во активностите на отворено.

Иван Митев, М-Нет