
Новата сезона во Првата женска одбојкарска лига ќе започне на 11 октомври, а на стартот од истата екипата на Јанта Волеј КФ одбраната на титулата ќе ја започне во Битола против новиот прволигаш Пелистер Волеј.
Освојувачот на Купот на Македонија, Наковски Волеј, сезоната ја отвара против Газели Волеј, а во рамки на првата рунда ќе се соочи Ускана Волеј со Вардар ЕМ.
Во Штип екипата на Младост УГД ќе го пречека составот на Фит Фан Волеј, додека пак Работнички ќе ги одмери силите со Струмица.
Според Пропозициите во есенскиот дел од сезоната се игра во двокружен бод систем, дома – гости. По комплетирањето на регуларниот дел првите осум екипи играат во четвртфиналето од плеј-офот во два добиени натпревари, од кои ќе се добијат полуфиналистите од првенствениот плеј-оф, односно екипите кои ќе играат за шампионскиот пехар.
Екипата која ќе биде претпоследна односно на деветтото место ќе игра бараж за опстанок во Првата лига со екипата која ќе биде втора во Втората лига, а пак последнопласираната екипа се сели во Втората лига.
Александар Ванев, М-Нет