Стојанче Стојанов ќе го суди дербито меѓу Вардар и Струга, Димитар Пилешков главен судија во Кратово

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од деветтата рунда на Првата лига, а кое коло се отвара веќе денес со натпреварот меѓу Македонија ЃП и Арсими, а правдата на овој меч ќе ја дели Александар Грујоски од Кичево, а негови асистенти ќе бидат Зоран Јанкуловски и Давор Цветаноски, а пак Марјан Стојановски ќе биде четврт судија.

В сабота се играт два натпревари. Благојче Ралевски ќе им суди на Шкупи и Работнички во меч кој се игра во Струга, а ќе му помагаат Владимир Митревски и петар Степановски од Битола, а пак четврт судија Владимир Ѓорѓиевски од Битола.

Во Струмица екипата на Брера ќе се соочи со Башкими, а Пларент Салихи од Тетово ќе дели правда. Ќе му помагата Вјолца Изеири и Дарко Јовчевски, а пак Александар Урошевиќ ќе биде четврт судија.

В недела се игра големото дерби меѓу Вардар и Струга Трим Лум, а правдата ќе ја дели Стојанче Стојанов од Штип, а негови помошници ќе бидат Мартин Петковски и Александар Ѓурковски, а пак четврт судија ќе биде Ндерим Тефику.

Соочувањето во Кратово меѓу Силекс и Тиквеш ќе го суди Димитар Пилешков од Штип, со неговите асистенти Кристијан Џонов и Ристо Ѓорѓиев, а пак Боби Величков ќе биде четврт судија.

Колото се затвара во понедленик со натпреварот меѓу Пелистер и Шкендија кој ќе го суди Фатмир Бафто од Охрид, а ќе му помагаат Мишо Ѓорѓиески и Климент Ристоски, а пак Јован Качевски ќе биде четврт судија.

Александар Ванев, М-Нет