
Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 4. коло на Првата ракометна лига, а во кое коло слободна ќе биде екипата на Драчево Јуниор.
Денес на програмата ќе бидат два натпревари. Мулти Есенс како голем фаворит ќе се соочи со Аеродром, а пак Вардар Неготино, исто така како голем фаворит ќе игра на домашен терен против Јехона.
Во сабота ракометарите на Преспа на домашен терен ќе се соочи со Шампион, ова ќе биде дуел за прва сезонска победа, но воопшто и за први бодови. Ракометарите на Текстилец од Штип ќе гостуваат утре во Гевгелија, каде ќе бараат трета победа за продолжување на победничката серија, а домаќинот Партизан ќе се бори за своето второ славје.
Во Свети Николе ќе се соочат Овче Поле, каде домашниот тим ќе биде голем фаворит против Кичево кој е на дното од табелата со минус еден бод.
В недела ќе се одигра дербито на колото меѓу Македонија ЃП и Младост од Богданци, каде победата е императив и за двете страни, а тимот од Богданци ќе биде фаворит на овој меч.
Александар Ванев, М-Нет