Кафето и прашокот нов луксуз за граѓаните во Штип

Кафето и прашокот нов луксуз за граѓаните во Штип. Некогаш мирисот на топло кафе и чиста облека беше знак за мирно утро, денес според граѓаните потсетник колку поскапел животот. На терен тие се едногласни дека не штеат само пари, туку и моменти, бидејќи кафе се пие кога има, а перење се планира еднаш во седмицата.

Но, не само кафето е луксуз во денешницата, анкетираните додаваат дека цените се драстично повисоки од претходно. Велат тешко со минималните примања.

Во согласност со ситуацијата, граѓаните додаваат дека во моментот само кафето, чини од 170 до 200 денари. Дополнително забнележале дека поскапување има и на местото и млечните производи.

Иван Митев, М-Нет