
77-годишниот Ѓоре Митев е патник што живее помеѓу два света: Австралија и Македонија. Но, каде и да е, тој е дома секогаш само на едно место – село Селце, штипско, каде што срцето му е заробено уште од детството.
Во Австралија е спокоен, шета, живее, има свој мир. Но ниту континентот од другата страна на светот, ниту годините поминати таму, не можат да ја заменат носталгијата што го носи од Велигден до Митровден назад, во родната Македонија. И така, секоја година, Ѓоре го повторува истиот пат. Дојде да го почувствува мирисот на земјата, да ги види старите роднини и пријатели и да се врати во својот дом, дури и ако е тоа само за неколку месеци.
,,Спрема стандардот е добро, немаме проблеми и стресови како во Македонија. Нас единствено не маче носталгијата, инаку таму немаме никаков проблем, но ако работеш и ако си домакин, инаку и таму нема. Од 1981 година сум таму со жената и тогаш две мали деца. Тогаш беше лесно да се отиде таму, сега не. Сега треба многу процедури.“, рече Митев
Работа и само работа се дефиницијата за успешен живот ќе рече Ѓоре Митев, но и добар стандард и здравство, клучни за добар живот.
,,Роден од с. Селце, треба работа пред се, платите се мали, но мораш втора работа. Секаде е тоа во светот, ако сакаш нешто да правиш, мораш да имаш втора работа. Со една работа не бидува никаде.
Инаку, Ѓоре Митев секоја година со својата сопруга на големиот христијански празник Велигден е во своето село Селце и во Македонија останува до празникот Митровден. Иако речиси со години живее во Австралија, сепак тој душата му е во Македонија.
Иван Митев, М-Нет