
Утре ќе бидат одиграни натпреварите од 2. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток, а во рамки на истото слободна ќе биде екипа на Хоризонт Турново.
Во Берово ќе се соочат домаќинот Малеш и Дојранско Езеро дуел на две екипи кои во првото коло претрпеа порази. Рудар ќе оди на гостување во Струмица, каде тимот од Пробиштип ќе сака да врзе втора победа во низа, а пак Тиверија ќе биде на поправен после големиот пораз во Свети Николе да забележи позитивен резултат.
Дербито на колото ќе го одиграа Овче Поле и Карбинци, иако овој натпревар требаше да се игра во Карбинци, сепак ќе се одигра во Свети Николе како увертира на 100-годишнината на Овче Поле, а кои две екипи во првото коло славеа три бодови, со тоа што Карбинци беше минимален во Зрновци, а пак тимот од Свети Николе дома ја декласираше Тиверија. Ова ќе биде дуел на две екипи кои ќе сакаат нови три бодови.
Во Делчево екипата на Брегалница ќе го пречека Светлост од Зрновци, во натпревар каде двете екипи во првото коло беа поразени, па сега ќе бараат први бодови во новата сезона.
Во Валандово ќе се одигра дерби на Југот меѓу Победа и Ударник од Пирава, а меч кој со сигурност ќе го наполни стадионот во Валандово со поддршка од верната публика и верните навивачи.
Александар Ванев, М-Нет