Ајварскиот пипер продаден уште од вчера, на пазарот во Штип побарувачката задоволителна

Празни кутии од ајварски пипер на пазарот во Штип, од вчеравечер истиот се трошеше на големо. Иако по цена од 70 денари на килограм, граѓаните купуваа за зимници. Утринава можеше да се забележи уште на некоја тегза. Продавачите велат уште десетина дена и завршува продажбата на ајварски пипер. Прозиводство има, ама има и добар откуп и затоа е помала количината на ајварски пипер кој се нуди по пазарите.

„Има раздвиженост има пазар, зависи за кој производ. Најмногу се бара црвениот ајварски пипер. Има производство, ама има и доста добар откуп. Повеќе од половина од пиперот веќе е продаден. Таму првата класа е 55 до 60 денари по килограм, исти како тука.“ – велат продавачите.

Освен ајварскиот пипер, на пазарот во Штип се бараше и доматот, пиперот за пржење и краставицата. Цените нормални за овој период од годината и достапни за џебот на граѓаните, ама исплатливоста далеку од добра.

И за купувачите цените на производите на денешниот пазар задоволителни, секој купува согласно своите можности.

На почетокот на месец септември се купуваше и сезонското овошје, мед, ракија, домашен ориз и слично.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет