Од први септември СОУ,,Коле Нехтенин“ станува државно училиште, што тоа ќе значи?

Од септември СОУ Коле Нехтенин Штип преминува под државна капа и станува регионален центар за стручно образование и обука. Од сега инспланирано да има инвестиции во инфраструктурата, во опремата, во развојот на новите профили, како и во новите смерови. Она што е дополнително како новитет е и вклучувањето на образованието за возрасти, со кое што ќе се овозможи обучување и на повозрасните. Како што истакна директорката на училиштето Јованка Шалева, честа е голема, а одговорноста уште повеќе за едно училиште премине од општинско во државно.

,,Како што знаеме, од први септември ние преминуваме од општинско во државно училиште, регионален центар за средно стручно образование и обука и сметаме дека нашето училиште, иако и досега покажува солидни резултати и е развој на училиште, сепак во иднина ќе биде уште подобро и ќе привлече уште поголем број на ученици. Ќе имаме инвестиции во инфраструктурата, во опрема, во развој на нови профили, нови смерови. Ќе биде вклучено и образованието за возрасни, за кое што имавме и претходно прилози. Се на се сметаме дека и во иднина ние ќе бидеме, како и до сега центар на образованието во однос на средното образование. Голема е честа и одговорноста за едно училчиште да премине од општинско во државно.“, рече Шалева

Ќе се догизградат нови кабинети, ќе се набавува стручна опрема, а ќе се вложува и во практичниот дел на учениците. Шалева за М-Нет едногласна за да се воспостави врска помегу теоријата и пактичната настава во училиштето.

Со овој чекор, Штип добива клучен центар за современо и квалитетно стручно образование, што ќе значи подобри услови за учениците, повисоко ниво на стручност и поголема вработливост на дипломираните ученици.

Иван Митев, М-Нет