
На 21.08.2025 во 16:20 часот, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода М.А.(42) од с.Лески, виничко, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:15 часот на бул.„Маршал Тито“ во Виница физички нападнал малолетник од Виница. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.