Од денеска стартува државниот откуп на пченица за стоковите резерви – 13 денари за килограм

Од денеска стартува државниот откуп на пченица за стоковите резерви – мерка што за првпат се спроведува во земјава и која треба да обезбеди сигурен пласман и подобра цена за македонските земјоделци. Државата ќе откупува пченица по цена од 13 денари за килограм, преку млиновите низ целата држава, а секој земјоделец може да продаде од пет до 30 тони. Според потпретседалот на асоцијацијата на земјоделци Гоце Серафимов, мерката за да се откупува стокови резерви од македонските земјоделци е за прв пат во државата, а истата од следната година рече дека ќе биде објавена еден месец пред жетвата со можност за повисока цена.

,,Кој што сакаат да продадат пченица за стокови резерви, цената ќе биде 13 денара. Во сите градови има млинови, кои што ќе откупуваат. Секој земјоделец може да продаде од пет до 30 тона количина. Оваа мерка е прва година сега да откупува државата за стокови резерви од наша сопствена пченица. Истот ќе биде и за оризовата арпа, со тоа што од следната година мерката ќе биде донесе еден месец, пред жетвата, а очекуваме и повисоки цени.“, рече Серафимов

На прашањето дали овој откуп е исплатлив за земјоделците, Серафимов истакна дека со оваа мерка земјоделците добиваат повисока цена. Ако претходно откупната цена беше 12 денари за прва класа, сега цената е повисока. Дека цената треба да расте, согласен е тој.

Понатаму она што останува прашање до земјоделците е дали оваа мерка ќе биде доволна за да се врати довербата во откупниот систем и да се обезбеди одржливо домашно производство и дали со ваквите новитети може да се мотивираат младите?

Иван Митев, М-Нет