
Бугарски туристи најмногу го посетуваат музејот во Штип. Според етнологот Славко Горгиев, најголемиот број на посетители пристигнуваат преку организирани тури, најчесто со автобуси или поголеми комбиња, но и поединечни фамилијарни посети се честа појава. Туристите, најчесто, доаѓаат по препорака на свои роднини кои живеат во Штип и ги водат да го откријат културното и историското наследство на градот под исарот.
,,Разбирливо најмногу странци довагаат од соседна Бугарија, а тоа се најмногу организирани тури, кои што доагаат со автобуси или со поголеми комбиња. Имаме и поединци фамилијарни, кои што ги посетуваат пред се своите блиски во Штип и по препорака на нивните роднини доагаат да го посетат и овој музеј.“, рече Горгиев
Mладите најчесто имаат интерес на исторскиот дел, бараат податоци кои што ги нема во нивните учебници, па затоа вработените од тука стојат секогаш на располагање за да им го пренесат нивното познавање.
Според Горгиев, најмногу посета на двата музеи во Штип има во месец мај, кога има редовни екскурзии на училиштата. Како што рече тој, тогаш се работи доста напорно, додека во останатите месеци и периоди од годината, посетата е намалена, но сепак секојдневно речиси има посетители. Посебен впечаток на турисите им дава музејот на восочни фигури во Ново село, кој има 12 восочни фигури од револуционери, кои што се родени во Штип или пак дел од животот го поминале во градот под Исарот.
Иван Митев, М-Нет