ЖРК Овче Поле од Свети Николе ја темпира формата за новата сезона

ЖРК Овче Поле СУ од Свети Николе ги започна подготовките за новата сезона, а во која ќе настапи во Првата женска лига.

Клубот подготовките ги започна со тренирање на градскиот стадион во Свети Николе, а потоа ќе се подготвува во Претор, каде ќе се работи на подобрување на физичката подготвеност на екипата.

Клубот го задржа костурот од претходната сезона, а истиот како што веќе информираше М Нет телевизија е засилен со голманката Дона Марковска од Пелистер, како и со повратничките Елена Вучевска и Наталија Манева кои во пакет се вратија од штипски Астибо.

Во новата сезона во Првата женска лига ќе настапат седум екипи меѓу нив Овче Поле СУ, потоа Ѓорче Петров 2, Деспина, Шампион и Стружанка од минатата сезона, како и Јехона и Атлетик кои се дебитанти во лигата.

Екипата на Овче Поле СУ новата сезона ја отвара против Ѓорче Петров 2 во Свети Николе.

Александар Ванев, М-Нет