
Неискосена трева, несафалтирани улици, водовод нема – ваква е ситуацијата во село Облешево. Младите нема што да работат, па затоа можат да се избројат на прсти малкумината кои не заминале во странство да ја бараат својата егзистенција. Само повизрасни граѓани кои останале во селото, работат нешто во земјоделие за да не седат дома бадијала. Многу работи треба да бидат променети, да се гради, да се прави со цел да се модернизира местото, да можат и децата да останат дома и младите да се вратат и да создаваат иднина овде, велат повозрасните граѓани кои ги сретнавме во селото.
„Се недостасува, гледаш какво е хаос. Вода, секој од нас си има бушотина, водовод немаме.“ – велат жителите.“ – велат жителите.
Кога е во прашање Локална Власт, жителите велат дека од капитални проекти виделе реконструкција на само една улица.
Општина Чешиново – Облешево опфаќа повеќе села во кочанскиот регион. Слична слика со села кои се празни, млади кои заминале во странство, празни куќи, затворени амбуланти, полупразни училишта е во сите населени места.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет