
Само да си доплатат за лекови или да ја платат сметката за вода – таму ќе отидат парите од линеарното покачување на пензиите. Пензионерите во Штип незадоволни велат дека со цените во маркетит, покачените пензии нема ниту да ги осетат. И покрај најавите од владата, сепак нивното незадоволство од цените останува јасно и гласно
Во маркет пензионерите влегуваат, а со празна ќеса излегуваат. Само за неколку производи и како што велат 1000 денари одат како вода.
Дополнително пензионерите велат дека секој ден им е математика со основните потреви. Велат точно дека покачување имаше и порано и сега , но сепак за нив е недоволно за достоинствен живот.
Иван Митев, М-Нет