Чистејќи го станот на починатиот татко, штипјанка пронашла рачна бомба

На 21.07.2025 во 15.10 часот во СВР Штип, Е.З.(47) од Штип пријавила дека додека го чистела станот на нејзиниот починат татко пронашла рачна бомба. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата и за настанот бил запознаен јавен обвинител.