Се асфалтира дел од улицата „Димо Хаџи Димов“, летово ќе се реконструираат рекорден број улици

Асфалтен слој добија два краци од улицата „Димо Хаџи Димов“ во Штип како и паркинг простор. Станува збор за улица која е тешко пристапна, и ова е по барање на жителите од овој дел од градот. Издвоени се нешто помалку од еден милион денари од страна на општината за реконструкција на улицата.

„Ова коешто моментално се презентира е асфалтирање на дел од улица „Димо Хаџи Димов“, асфалтирање на една паркинг површина и на два крака од улицата која е тешко пристапна согласно конфигурацијата. Овде жителите бараа од нас да добијат асфалт на улицата заради проблемите со годините нанзад.“ – вели Јорданов.

Ова лето согласно програмата за работа на општината предвидено е да се реконструираат и асфалтираат рекорден број на улици, додаде Јорданов.

„Ќе се продолжи со асфалтирање на дел од улица Сутјеска. Практично ќе се работи на неколку други локации коишто веќе се започнати. Согласно предвидениот план за работа во програмата за уредување на градежно земјиште се предвиидуваат уште десетина улици да бидат комплетно реконструирани и со тоа ова лето да го заокружиме со рекорден број на изасфалтирани и реконструирани улици“ – додава Јорданов.

Освен реконструкција на улици, се работи на уредување на тротоарски површини, влезови пред станбени згради, подземна инфраструктура и слично.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет