Македонската кадетска бокс репрезентација предводена од штипјанецот Петре Чурлинов оди на ЕП

Кадетската бокс репрезентација патува на завршни подготовки во Златибор, Србија пред Европското првенство за кадети кое ќе се одржи исто така во Златибор во период од 21 до 28 јули годинава.

Македонската кадетска бокс репрезентација е подготвена за настап на Европското првенство, селекцијата ќе биде предводена од искусниот селектор Петре Чурлинов од Штип.

Како што вели селекторот за М Нет телевизија во Златибор, Србија ќе се изработи последен микроциклус пред настапот на ЕП за финеси од подготовките ќе се работи на брзина и тактика со што максимално подготвени репрезентативците на Македонија ќе одат по „жетва“ на медали од Европското првенство.

На Европскиот шампионатот кој ќе се одржи во Србија, а Македонија ќе настапат со Иса Бајрам од Пинк Пантер од Штип, Шаин Реџеповски од Фамилија Демирови од Штип, потоа Михаил Аврамоски од Охрид и Џанер Бињали од Куманово.

Александар Ванев, М-Нет