
Македонија ја има највисоката откупна цена за пченица во регионот оваа година. Цената во ќе биде 12 денари по килограм, што е повисока од оседните земји. Гоце Серафимов, потпретседателот на Асоцијата на земјоделци, истакна дека дополнително ќе бидат покриени и трошоците за превоз. Тој рече дека оваа година Македонија има напредок во домашното производство, со што ќе се намали увозот на пченица во државата.
,,Цената на пченицата оваа година ќе се откупува по 12 денари. Цената во регионот е секаде околу 11 до 12 денари. Да се рече Србија, Грција, Полска, Романија, ние дури имаме еден денар подобра цената од Србија моментално. Таа цена е ниска, меѓутоа договорено е сите откупувачи да ја откупуваат по 12 денари, а плус ќе го плаќаат превозот.“, рече Серафимов
Дека цената е се уште ниска, согласен останува Серафимов, меѓутоа како што вели тој, очекуваат истата да се зголемува
Инаку, Серафимов посочи дека со зголеменото домашно производство, Македонија ќе може да го задоволи своето потребно снабдување и да ја намали зависноста од увоз. Тој се надева дека цената на пченицата ќе се стабилизира и подобри во следните месеци.
Иван Митев, М-Нет