Официјално започнува долгоочекуваниот Д-фестивал, Штип три дена ќе биде центар на музиката

Со две сцени и над 40 изведувачи, вечерва официјално започнува долгоочекуваниот Д-фестивал – културниот бренд, што Штип ќе го претвори во центар на музиката. Овогодинешното издание на фестивалот, кој се случува по петнаесети пат носи рекорден интерес и повеќе од забава, а во фокусот на истиот оваа година ќе биде хуманоста, која ќе остави трага надвор од сцената. Собраните средства ќе бидат насочени како поддршка за настраданите од несреќата во Кочани, а со тоа Д-фестивалот оваа година , ќе биде запаметен не само по музиката, туку и по солидарноста. Стартот е закажан за во 17 часот.

,,Чест ми е што Штип ќе биде домакин на Д-фестивал, но и на многу посетители одстрана кои што овој викенд ќе бидат дел од најдобрата забава од Д-фестивал и ќе присуствуваат во нашиот град. Како ретко кој друг град, Штип може да се пофали со најбогатата музичко, културно програма во текот на годината, а доказ за тоа е Д фестивал, кој што 15 наесетотоо издание го организира токму во центарот од истокот. Очекуваме бројни посетители, убава забава, да бидеме добри домаќини. Сите сместувачки капацитети се резервирани, исполнети. Така да она што ќе предизвика ако рефлексија од организирањето на д фестивал е додадена вреност во локалната економија, затоа што илјадници гости од страна викендов ќе уживаат во богата програма. Сигурен сум дека илјадници гости од страна викендов ќе уживаат во богатата музичка програма на овогодинешниот Д-фестивал. Сигурен сум дека и преку средствата кои што по донаторски пат ќе се обезбедат да бидат донирани цо супорт Кочани и во финансиска подршка на настраданите.“, рече Јорданов

Топла покана до сите граѓани, упатуваат и организаторите. Потенцираат дека оваа година ќе има преку 40 изведувачи на двете сцени.

Инаку, во сите три дена ќе може да се слушне музика за сечии вкус, како со изведувачи од Македонија со македонска музика, така и со изведувачи од странство, а во Штип ќе има дури и од Јамајка и Естонија.

Иван Митев, М-Нет