,,Носферату“ е новата претстава на штипскиот театар, во четврток од 20 часот ќе оживее на сцената

„Носферату“ е новата претстава на штипскиот театар која овој четврток со почеток од 20 часот ќе оживее на сцената на штипскиот театар. Возбудлива и визуелно моќна – оваа современа постановка ветува културна вечер која публиката нема да ја заборави.

Режисерот Бојан Трифуновски носи нова визија на класичната приказна за вампирот од готскиот мит, а во претставата настапуваат добро познати актери од штипската сцена, чии имиња сами по себе будат интерес кај локалната публика. Директорот на домот на НУ Ацо Шопов Штип Пеце Ристевски, рече дека претставата е поддржана од Министерството за култура, и топло ги покани заинтересираните штипјани.

,,Носферату во режија на Бојан Трифуновски, подржана од министерството за култура. Во оваа претстава настапуваат познатите лица за Штип. Четврток од 20 часот ќе биде премиерата на новата претстава. “, рече Ристевски

Дека оваа претстава ќе придонесе многу впечатоци за публиката, дециден останува режисерот Бојан Трфуновски. Вели дека e посебно горд што претставата биде претставена токму во градот под Исарот, заблагодарувајќи се на директорот Ристевски

Но, за да претставата допре до публиката, посебно се важни актерите. И овој пат подготвени да ја освојат публиката.

Инаку, Од штипскиот театар упатуваат повик до сите љубители на културата – да не ја пропуштат оваа премиера која најавува моќна сезона пред завеса. Билетите се пуштени во продажба.

Иван Митев, М-Нет