Македонија е прва по јунскиот циклус – играме одлично на патот кон Мундијалот!

ФОТО: М Нет телевизија

Македонија е прва по јунскиот циклус откако во Астана го добивме Казахстан со минимални 0:1, а пак Белгија во меч со седум погодоци со 4:3 го доби Велс, а тоа значи дека Македонија е прва со осум бодови, Велс е втор со седум бодови, Белгија е трета со четири бодови, но Белгија има одиграно два меча, два помалку, Казахстан е четврти со три бодови, на дното е Лихтенштајн без бодови во нашата група.

Македонија триумфираше со голот на Александар Трајковски, во меч каде во првиот дел Македонија беше поубедлива, а во вториот дел Македонија играше позатворено во втората зона со цел да сочува енергија за до крајот на мечот, откако имавме доста тежок меч со Белгија во Скопје каде ремизиравме играјќи 1:1.

Во вториот дел Казахстан имаше иницијатива и создаваше шанси, но нашата одбрана беше одлична на овој натпревар и го сочувавме минималното водство.

Македонија игра одличен фудбал на патот кон пласман Светското првенство (СП) кое се игра во 2026 година во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

На 7 септември, Македонија на арената „Тодор Проески“ во Скопје го пречекува Лихтенштајн, три дена подоцна на 10 септември Македонија ќе гостува во Брисел кај Белгија.

Александар Ванев, М-Нет