
Доктор Катерина Паниќ Мирчовска е новата в.д. директорката на Општа болница со проширена дејност Кочани. Таа доаѓа на местото на досегашната директорка доктор Кристина Серафимова, Доктор Паниќ Мирчовска е специјалист по општа хирургија во кочанската Општа болница со работно искуство како хирург од близу четири години. Таа е и омилената докторка Кате за повредените од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани кои одат на терапија во болницата.
По информациите во јавност изминатиот период дека доктор Кате заминува во друга институција, реакција имаше од повредените бидејќи како што истакнаа нејзината грижа и нега и влеваше надеж за подобро утре.
Приоритет за новата директорка во моментот ќе биде реновирање на просториите за физикална терапија за рехабилитација на повредените од пожарот во Пулс како и подобрување на условите и состојбата на кочанската болница.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет