Еурофарм Пелистер е старо-нов шампион, откако го совлада Вардар, титулата ја прослави во Скопје!

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер старо-нов шампион на Македонија, откако ракометарите од Битола со 30:32 славеа над Вардар во СЦ „Јане Сандански“ и запишаа победа вредна одбрана на титулата.

Салата беше исполената до последното седиште како вистинско европско ракометно дерби, со навивачките групи „Комити“ и „Чкембари“, а публиката уживаше во вистински спектакл.

Дерби во кое преовладуваше егал борбата, игра гол за гол, неизвесност, пресврти, за среќен крај на битолскиот тим.

За Еурофарм Пелистер ова е деветта титула, а деветта во низа.

Александар Ванев, М-Нет