Скапи или реални цени на пазарот во Штип – граѓаните со поделени мислења

Скапи или реални цените на денешниот пазарен ден во Штип? И покрај тоа што истите не се најприфатливи за џебот на просечниот купувач, сепак продавачите – велат дека нивниот труд вреди толку.

Купувачите, пак, поделени. Некои само набљудуваат, други купуваат од навика или од поддршка за домашното производство. Но, едно е сигурно – пазарот во Штип е место каде што сè уште се чувствува мирисот на домашното производство, а приказната зад секој производ е подеднакво важна како согласно неговата цена.

Иако производители се свесни дека цените се повисоки од претходните години, сепак тие тврдат дека ова е единствениот начин да опстанат. Трошоците за гориво, ѓубрива и работна рака се зголемени, а родот годинава е послаб.

Инаку, денес на пазарот започна да се продава и црешата под цена од 300 денари за килограм, како и домашни јајца во изобилие, речиси на секоја тезга.

Иван Митев, М-Нет